×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




SKION PALACE BEACH HOTEL 4* - Nea Skioni

Опис

Хотелот „Скион Палас“ се наоѓа во Неа Скиони, покрај морето, во срцето на природата среде мали зелени ридови, песочни плажи со ситни камчиња и кристално чисти води. Далечина од плажа: 20 метри. Лежалки за на плажа и чадори на плажа. Локација : Хотелот се наоѓа на местото Скиони, 8 километри од местото Ханиоти, 10 километри од местото Пефкохори, 15 километри од местото Фурка и Палури, 110 километри од Солун.


ПОЛИТИКА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ:

• 21 ден пред датум на патување – бесплатно

• Пенали - 21-14 дена пред датум на патување 30%// 14-7 дена пред датум на патување 50%// 7 дена пред датум на патување 100%

ЦЕНА Е ДАДЕНА ЗА ТИП НА СОБА - Супериорен поглед на градина

ДОПЛАТИ
* Супериорен полупоглед на море +10 евра дневно
* Супериорен поглед на море +25 евра дневно
* Семејни соби (двособни) +50% доплата

УСЛУГА:
1. Полупансион - појадок и вечера  (HALF BOARD)

Во хотелите каде услугата на исхрана е во принцип - шведска маса, самопослужување, хотелот има право во случај на недоволен број гости или од некои други фактори, храната да ја сервира на мени наместо на шведска маса, што не влијае на квалитетот и услугата на хотелот.

НАПОМЕНИ: 

  • Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот.
  • Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата.
  • Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
  • Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици.
  • Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки.
  • Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица.
  • Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.
  • Цените и достапните понуди се валидни во овој момент.
  • Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот
  • Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро.
  • Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект.
  • Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот
  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер.
  • Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см