×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




НИЦА – КРАЛИЦА НА АЗУРНИОТ БРЕГ

Опис

Богата програма со Монако, Монте Карло, Кан, Антиб, Грас и Сен Пол

Авионска програма 18.04  -  23.04.2025 (6 дена/ 5 ноќевања)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  999 евра (61.950 денари)

Напомени


18. Април (Петок)  СКОПЈЕ – БЕЛГРАД – НИЦА
Состанок на групата на договореното место во 05:00 часот и трансфер до Аеродромот во Белград. Полетување за Ница во 13:10 и слетување во 15:15 часот. Трансфер до хотелот во Ница со попатно запознавање на „Кралицата“ на Азурниот брег. Сместување. Попладневна прошетка по Англиското шеталиште што се протега долж заливот на Ангелите. На променадата, со својата убавина, посебно се издвојува хотелот Негреско... Ноќевање.

19. Април (Сабота)  НИЦА
Појадок. Разглед на Ница, еден од најпривлечните туристички центри во Европа и најголемиот град на Јужна Франција. Позната е по азурно-сината боја на морето, долгите плажи, раскошните градини, луксузните хотели, широките авении украсени со палми и разновидни цвеќиња. Ница има долга и интересна историја, многубројни музеи, паркови, видиковец, стар град со тесни испреплетени улици. Прошетка до Плоштадот Масена, градините на принцот Алберт, споменикот Ника, улицата Жан Медисан, Кралската опера, Палатата на правдата, Катедралата.... Слободно попладне за уживање во прошетката покрај море... Ноќевање.

20. Април (Недела) МОНАКО И МОНТЕ КАРЛО
Појадок. Посета на кнежевството Монако, втората најмала држава на светот, која е синоним за луксуз и втората најмала држава на светот. По пристигнувањето, разглед на Monaco Ville, сместен на висока карпа: Океанографскиот музеј, Катедралата Свети Никола која со векови е главна црква за сите кнежевски церемонии, во која се крунисани сите владетели на Монако, Кнежевската палата, седиште на Кнезот на Монако и  Династијата Грималди. Разгледување на вториот дел од кнежевството - Монте Карло, ексклузивна резиденцијална, трговска и туристичка зона, надалеку позната по казината, луксузните хотели и бутици. Ќе се прошетаме до главниот Плоштад Place du Casino со славното казино и хотелот De Paris. Слободно вреmе за уживање во неверојатната атмосфера и можност да си ја испробате среќата или да пропешачите по патеката по која се вози прочуената трка во Формула 1… Враќање во Ница во вечерните часови. Ноќевање.

21. Април (Понеделник) ГРАС И СЕН ПОЛ ДЕ ВАНС
Појадок. Можност за факултативна посета на специфичниот дел на Азурниот Брег, кој и припаѓаше на Прованса. Грас е светската престолнина на парфемите и популарна туристичка дестинација. Во стариот средновековен град доминираат познатите  фасади на Прованса  во пастелни бои и аркади во италијански стил. Во центарот се наоѓаат трите музеи – на уметноста, парфемите и модата на Прованса. Посета на музејот Фрагонард во кој можете да купите производи од оваа позната парфемска куќа. Заедно со куќите Галимард и Молинард. Кога зборуваме за историјата на парфемите во Франција, овие места го чинат таканареченото светото тројство. Продолжуваме за Сан Пол де Ванс - едно од најубавите села во живописната Прованса. Има средновековна тврдина и поглед кон сликовитите пејзажи кои го опкружуваат селото што било  инспирација за многубројни сликари и уметници како Миро, Шагал, Пикасо. Тие се среќавале на терасата на култното бистро La Colombe d`Ore. Прошетка по уличките полни со уметнички ателјеа, работилници за керамика и типични продавнички... Ноќевање.

22. Април (Вторник)  АНТИБ И КАН
Појадок. Целодневен излет до Антиб, некогашниот грчки Антиполис и Кан – градот на познатиот филмски фестивал, џет сетот и луксузни јахти. Антиб е вистинскиот бисер на Медитеранот, сместен помеѓу Ница и Кан.  Во градот доминира Тврдината Fort Kare во чие подножје се наоѓа марината за јахти Port Vauban. Прошетката по симпатичните, тесни улици по кои се стигнува до самиот центар на градот, каде ќе се видат Катедралата Notre dame de la Platea, пазарот Marche Provencal, со најубавите француски сирења, етерични масла, цвеќе, зачини од Прованса...  Антиб, освен што е мека за џет сетот, познат е и по музејот на Пикасо и џез фестивалот. Патувањето продолжува за монденскиот Кан. Прошетка по  La Croisette – најпознатата променада со луксузни хотели и продавници, хотелот Карлтон, Палатата на филмскиот фестивал – можност да се фотографирате како вистинска филмска ѕвезда. Потоа, продолжуваме во La Suquet – најстариот дел на Кан со Тврдината од каде се пружа прекрасен поглед кон целиот град. Слободно време за шопинг. Враќање во Ница во вечерните часови. Ноќевање.

23. Април (Среда) НИЦА – ЕЗ –  СЕН ЖАН КАП ФЕРАТ – БЕЛГРАД - СКОПЈЕ
Појадок. Слободен ден во Ница или можност за полудневен факултативен излет. Посета на Ез, село кое се наоѓа на карпа, високо над Средоземното Море, поради што го нарекуваат и „орлово гнездо“. Шетајќи низ него по тесните, кривулести и калдрмисани улички, ќе имате чувство како да се враќате во минатото, а, погледот од Егзотичните Градини на Азурниот брег, е воодушевувачки. Сен Жан Кап Ферат е ексклузивен полуостров и омилено место на многу славни личности... Густите борови ги чуваат луксузните вили од љубопитните очи, но, една од ретките која може да се посети, а, воедно и една од најпознатите поради извонредната архитектура, е La Villa Ephrussi de Rothschild. Трансфер до Аеродромот во Ница. Полетување за Белград во 20:50, слетување во 22:45 часот и трансфер до Скопје.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Белград – Ница - Белград со вклучени аеродромски такси
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
  • Трансфер на релација Скопје-Белград-Скопје
  • Сместување во Хотел Nice Pam 4* во центарот на Ница на база 5 ноќевања со појадок
  • Целодневен излет Монако и Монте Карло со јавен превоз
  • Целодневен излет Антиб и Кан со јавен превоз
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
  • Доплата за куфер за чекирање со максимум 10kg или 20kg
  • Организиран пешачки разглед на Ница 10 евра
  • Факултативен излет Грас и Сен Пол со приватен трансфер
  • Факултативен излет Ез и Кап Ферат  со приватен трансфер
  • Туристичка такса (се плаќа во хотелот на рецепција)
  • Влезници во музеите и културно историските споменици
  • Билети за јавен превоз
  • Патничко – здравствено осигурување

НАПОМЕНИ: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници

За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето