×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Истанбул авионска програма

Опис

АВИОНСКА ПРОГРАМА – НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ

Индивидуална програма 

Истанбул - најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие - улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија. Истанбул претставува природна врата помеѓу Европа и Азија, кој со својата раскошна култура никогаш не престанува да фасцинира. Денес Истанбул е велеград кој брои преку 15 милиони жители кои живеат на 2 континенти. Модерниот плоштад Таксим или квартовите Бејоглу и Османбег ќе направат да се осеќате како во било која друга светска метропола, додека пак шетајки низ плоштадот Султанахмет ќе се вратите стотици години наназад и ќе ја почуствувате моќта која ја имале римјаните и османлиите…Ново и старо, Ориент и Европа, ислам и христијанство – никаде нема да ги најдете вака испреплетени и неразделно поврзани како во магичниот Истанбул.

Напомени


✈️СААТНИЦИ НА ЛЕТ// Скопје-Истанбул (Сабиха Ѓокчен)  12:45 – 16:20 / Истанбул (Сабиха Ѓокчен) - Скопје 11:55 - 11:25

 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авионски билет на релација Скопје – Истанбул (Сабиха Ѓокчен)  - Скопје со авиокомпанија „ АЈЕТ “ со вклучен чекиран багаж до 20кг и ВКЛУЧЕНИ АЕРОДРОМСКИ ТАКСИ
  • Организирани трансфери: аеродром - хотел – аеродром во Истанбул;
  • 3  ноќевања со појадок (по лице за сместување во стандард двокреветна соба)
  • Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Оброци надвор од наведени оброци по понуда
  • Здравствено осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни излети – НА БАРАЊЕ СО ДОПЛАТА
  • Се што не не наведено во ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ И НАПОМЕНИ

  • Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица.
  • Со сместување на трето лице во двокреветна соба на помошно легло се намалува комодитет на стандардна двокреветна соба
  • За време на летот патниците ќе мора да се придржуваат до протоколите пропишани од авио компанијата. Исто важи и за време на престој на аеродормот во Истанбул
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките.
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, за влез во Турција патната исправа потребно е да е валидна минимум 6 месеци од датумот на враќање.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата
  • Цената на излетите е валидна за пријавени минимум 10патници и агенцијата го задржува правото на промена на цена во случај на недоволно пријавени патници.
  • При промена на цената на превозот или промена на хотел, можна е промена на цената на патувањето.

  УПЛАТА 

  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според наведената денарска цена.
  • За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 50%
  • Агенцијата го задржува правото на промена на цената доколку дојде до промена на цената на авио билетот и аеродромските такси

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).

Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер

ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ