Кападокија - индивидуална програма
Опис
КАПАДОКИЈА - Индивидуална програма од Скопје со Pegasus Airlines
НОЕМВРИ 15-18.11.24 (3 ноќи)
Посетете ја волшебната Кападокија, монденско туристичко место кое порано било нарекувано „земја на самовилите“. Ова место чие име на персиски значи „Земја на убави коњи“ е познато и по многубројните прекрасни долини, кањони и фантастично обликуваните камења, кои својот облик го добиле како резултат на ерозијата, дождовите и ветровите илјадници години наназад.
Детали од лет
PC 352 15NOV SKPSAW 1000 1330 // PC2738 15NOV SAWASR 1755 1920
PC2733 18NOV ASRSAW 1115 1245 // PC 353 18NOV SAWSKP 1610 1540
Галерија
Напомени
Цената вклучува:
- Повратен авио билет на релација СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ – КАЈСЕРИ - ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ со ПЕГАСУС;
- Аеродромски такси;
- Вклучен кабински багаж до 20кг и рачен багаж до 7кг;
- Трансфери Аеродром – Хотел – Аеродром;
- Хотелско сместување во наведената категорија и наведен тип на соба на ноќевање со појадок
- Комплетна организација и реализација на патувањето;
Цената НЕ вклучува:
- Здравствено осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО
- Храна, пијалоци и услуги што не се споменати во програмата;
- Други индивидуални трошоци.
- Препорачан бакшиш за персоналот на хотелот и ресторанот
- Сѐ што не е наведено во ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО
- ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ
НАПОМЕНА – распоред и реализација на екскурзии зависи од временски услови и можно е промена на распоред на места за посета согласно програма од партнер агенцијата
ЛЕТАЊЕ СО БАЛОН - (Поаѓањето и реализацијата на оваа екскурзија зависи исклучиво од временски услови – нема гарантрано летање) - Цена: 250 евра – по лице
СЕВЕРНА ТУРА - ПАШАБАГ – ДЕВРЕНТ - АВАНОС – ЃОРЕМЕ– УЧХИСАР - Цена: 67 евра по лице
ЈУЖНА ТУРА – КАЈМАКЛИ – ЦРВЕНАТА ДОЛИНА – ОРТАЏИСАР - ДОЛИНАТА НА ГУЛАБИТЕ - Цена: 55 евра по лице
ЦРВЕНА ТУРА / ДЕРВЕНТ ДОЛИНА – ПАСАБАГ- МУЗЕЈ НА ОТВОРЕН АВАНОС-ЗЕЛВЕ – Цена: 55 евра по лице.
ЗEЛЕНИТЕ ДОЛИНИ - ПОДЗЕМНИОТ ГРАД ДЕРИНКЈУ – ДОЛИНАТА ИХЛАРА – МАНАСТИРОТ СЕЛИМЕ - Цена: 60 евра по лице
СИТЕ ТУРИ СЕ АВТОБУСКИ / НА РЕДОВНА ОСНОВА, ВКЛУЧУВААТ ВЛЕЗНИЦИ, РУЧЕК И ТАКСИ СО ВОДИЧ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК!
Исклучено: Бакшиш за возачот и водичот, пијалоци за време на ручек, додатоци
Цената е дадена во евра и пресметана во денари,1 евро = 62 денари
Цената е валидна до пополнување на места по групна тарифа од авио компанија и промотивни цени на ограничен број соби во наведен хотел и истата е подложна на промени се до момент на резервација (пред резервација проверете ја цена и тарифа на авионска карта).
Услови:
• При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 10 дена пред поаѓање.
• Рок на потврда на понуда и резервација е 24 часа по уплата на аконтација
• За ова патување не се потребни медицински имунизации
• Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.
• Задолжително патничко осигурување
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
Т.А. ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА УБАВ ПАТ