×

Cart

Your cart is empty.




Хотел Aubamar Suites & Spa 5*

Опис

Aubamar Suites & Spa 5* е модерен и елегантен луксузен хотел сместен во срцето на Плаја де Палма, на само неколку минути пеш од песочната плажа и кристално чистото море. Хотелот нуди префинета атмосфера и врвна услуга, идеална за гости кои бараат комфор, релаксација и стил. Сите суити се пространи, светли и современо уредени, со приватна тераса или балкон, клима уред, Smart TV, бесплатен Wi-Fi и висококвалитетни содржини, а дел од нив располагаат и со џакузи на тераса. Во рамките на хотелот се наоѓаат надворешни базени опкружени со уредени градини, модерен фитнес-центар и луксузен СПА центар со внатрешен базен, сауна, парна бања и богат избор на релакс и велнес третмани. Гостите можат да уживаат во внимателно подготвени медитерански и интернационални специјалитети во ресторанот, како и во врвни коктели во баровите со пријатна и софистицирана атмосфера. Благодарение на близината до аеродромот и центарот на Палма де Мајорка, Aubamar Suites & Spa 5* е совршен избор за луксузен одмор, романтично патување или мирен СПА престој на Мајорка.

Пакет цената е изразена по лице во дво/трокреветна соба, при што истата вклучува:
Лет Скопје-Барселона- Трансфери во Барселона и Палма де Мајорка (аеродром-хотел-аеродром)- 1 ноќевање во Барселона на база ноќевање со појадок, Лет Барселона-Палма де Мајорка- 9 ноќевања во Палма де Мајорка на база ноќевање со појадок или вечерав според избраниот хотел/услуга- Лет Барселона-Скопје

Износот на аранжманот варира во зависност од цената на авионските билети и расположливоста на сместувањето во избраните хотели.


Галерија