×

Cart

Your cart is empty.




Вила "MEDITERAN" - Неи Пори

Опис

Вила “MEDITERAN” се наоѓа во близина на луна паркот во Неи Пори, во првиот ред до плажа. Располага со убаво уредени трокреветни студија и апартмани со една спална за 4 лица, со комплетно нови купатила и кујни. Во трокреветните студија има еден брачен кревет и еден петосед (погоден за 2 деца или едно возрасно лице). Во апартманите со една спална има еден брачен кревет во спалната и уште еден брачен кревет во кујната. Секое студио/апартман е комплетно опремено со: кујна со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер..., тоалет, балкон со масичка со столчиња (со поглед кон улицата од студијата и поглед на море од апартманите), клима, ТВ, гардеробер. Wi-Fi интернет - Бесплатен.

Early Booking – Leto 2023
10% попуст за целосна уплата до 01.04.22  |  5% попуст за целосна уплата до 01.05.22


Галерија

Напомени


НАПОМЕНА

  • Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио, 3-то и 4-то лице во апартман - БЕСПЛАТНО сместување;
  • Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
  • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30>#/b###, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • Во студио и апартман со една спална, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице во студио и 3-то и 4-то лице во АПТ со една спална се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;
  • Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
  • Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата.
  • Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТЕН!!
  • Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10>#/b### попуст на вториот термин;
  • За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • Доплата за туристичка такса - 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
  • Доплата за клима - 5€ од ден;
  • Доплата за превоз: 40€ за возрасни / 30€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);