×

Shporta

Shporta juaj është bosh.




Hotel Unique Resort and Spa 5*

Опис

Овој хотел е централно позициран, има одлична централна локација и само 500 метри одалечен од плоштадот на градот, и 300 метри од најпознатите плажи во Охрид. Ако барате централна локација овој луксузен хотел е прав избор за Вас.

Хотелот располага со луксузни соби кој можат да се наречат апартмани. Сите соби имаат LCD телевизор со кабловска телевизија, телефон, WI-FI, бања, мини бар, услуга во соба. Располага со сопствен паркинг кој е бесплатен за гостите на хотелот.

Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек, вечера ). Пијалокот не е вклучен во понуда. Главен ресторан, лоби бар, бар на базен, базен со вклучени лежалки и чадори, телефон, интернет, рент а кар, wi - fi интернет во целиот објект, организација на различни екскурзии во соработка со нашата агенција. Одлична семинарска сали, за одлично организирани настани.

На само 500 метри од објеткот има одлични плажи, кои не се во сопственост на хотелот. Хотелот располага со одличен базен, има спортски игралишта околу хотелот за голем фудбал, тениско и ракометно игралиште, кое може да се користи и за кошарка и одбојка. Хотелот е одличен спортски рекреативен центар.


Галерија

Напомени


Напомени: 

  • Собите се достапни по добиено барање
  • Политика на отказ на резервацијата: до 7 дена - бесплатно; помалку од 7 дена 50% од сумата, три дена пред доаѓање 100% од сумата. 
  • Деца од 0-5,99 год. се сместуваат бесплатно
  • Доплата за вечера: 800ден. од вечер за возрасно лице / 400ден. пд вечер за деца 6-11,99год. 

Во цената е вклучен појадок, туристичка такса, фитнес, СПА центар (со исклучок на масажи), игротека, надворешен базен, WI-FI, паркинг. 

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00 деанари.

ОПШТИ УСЛОВИ:

  • За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
  • Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе го искористат во следниот период согласно моменталните услови.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.



Т.А. ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА УБАВ ПАТ