×

Shporta

Shporta juaj është bosh.




Вила "ELSA" - Неи Пори

Опис

Вила “ELSA” се наоѓа на одлична лoкација во центарот на Неи Пори на 50m од плажа, во близина на хотел Олимпик Бич. Вила со одличен квалитет и голем комфорт на студијата, купатилата и балконите. Сите студија се четворокреветни (две дупли легла) и се наоѓаат на приземје, I и II кат. Секое студио е опремено со: кујна со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер, тоалет, TV, гардеробер, просторни тераси со тенда за сонце со масичка и столчиња со поглед кон улица (некои студија и со поглед на море). Wi-Fi интернет - бесплатен, клима со доплата 5€ од ден на лице место. Вилата поседува лифт за гостите. Студијата се наоѓаат на приземје, I и II кат. Сите студија се со одличен квалитет и доста просторни. Обезбеден простор за багаж на денот на сместување/заминување на гостите.

Early Booking – Leto 2023
10% попуст за целосна уплата до 01.03.23  |  5% попуст за целосна уплата до 01.04.23


Галерија

Напомени


НАПОМЕНА

  • Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • Цените  со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд. 
  • При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години - БЕСПЛАТНО;
  • Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 09:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата.
  • Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТЕН!!
  • Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10>#/b### попуст на вториот термин;
  • За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • Доплата за туристичка такса - 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
  • Доплата за клима - 5€ од ден (се плаќа на лице место);
  • Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);