×

Shporta

Shporta juaj është bosh.




Сејшели со лет од Скопје

Опис

ТЕРМИН НА ПОАЃАЊЕ АВГУСТ (9 дена / 7 ноќи) индивидуална програма со лет од Скопје

Сејшелите претставуваат архипелаг на легендарната убавина на западниот брег на Африканскиот континент, составен од 115 некои гранитни или пак корални острови во западниот дел на Индискиот Океан. Најголем е централниот остров Махе со главниот град Викторија, потоа островите Праслин и Ла Дигуе. Овој рајски архипелаг нуди незаборавен одмор на уникатните плажи со карактеристичен контраст на бел песок и тиркизно море. Тропската клима со температурен опсег од 24 до 32°C дава можност за подеднакво атрактивен одмор во текот на целата година.


Галерија

Цени


08-15.03.2023 (7 ноќи)

Хотел Услуга Тип на соба Цена
CORAL STRAND SMART CHOICE HOTEL 4* Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 1.875 €
Indian Ocean Lodge 3+* Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 2.070 €
Berjaya Beau Vallon Bay Resort & Casino 3* Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 2.518 €

Напомени


1. ден Скопје – Истанбул
Пристигнување на Аеродром Скопје три часа пред полетување на авионот. Лет за Истанбул TK1006 во 20:35 часот. Слетување во 00:10 часот по локално време.

2. ден Доха – Махе
Продолжување на патувањето на летот TK748 во 02:10 часот за Махе - Сејшели. Слетување по локално време во 11:05 часот. Трансфер до хотелот. Сместување. Слободно време. Ноќевање.

3. – 6. ден Махе 
Престој во хотелот на база ноќевање со појадок. Предвидени денови за уживање на плажа. Можност за организирање на факултативни екскурзии до околните острови (Праслин, Ла Дигуе).

07. ден Махе-Истанбул                                                       
Појадок Слободно време до трансфер до Аеродром Махе. Пријавување за летот до Истанбул TK 749 во 22:05 часот.

09. ден Истанбул-Скопје                                                       
Слетување во Истанбул во 05:15 часот по локално време. Продолжување на летот со лет TK1003 во 08:50 часот за Скопје. Слетување на Аеродром Скопје во 08:15 часот локално време.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Авионска карта со TURKISH AIRLINES согласно политика на авио компанија, на економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж)
  • Трансфери: аеродром-хотел-аеродром во Махе
  • Аеродромски такси
  • 7 ноќевања во хотел по Ваш избор/ тип на соба основна стандардна двокреветна на база / НП ноќевање со појадок, согласно политика на хотел и протоколи
  • Оброци во хотелот и пакет по ваш избор

 ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • ПЦР негативен тест со вклучен сертификат на англиски јазик 48часа пред лет/ ПЦР тест за лица над 18 години (за лица без сертификат за вакцинација) согласно нови протоколи за влез во Р. Македонија - ЗАДОЛЖИТЕЛНО
  • Се што не е вклучено во ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • Дополнителни екскурзии / опционални НА БАРАЊЕ
  • Патничко – здравствено осигурување – пожелно што покрива КОВИД и за откажување патувања
  • Индивидуални и лични трошоци

Цената е валидна до пополнување на места на дадена тарифа од авио компанија и промотивни цени на ограничен број соби во наведен хотел и истата е подложна на промени се до момент на резервација (пред резервација проверете ја цена).

Услови:

  • При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 15 дена пред поаѓање.
  • Рок на потврда на понуда и резервација е 24 часа по уплата на аконтација
  • Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.
  • Задолжително патничко осигурување
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd). 

Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер