Kрстарење по Источниот Медитеран
Опис
Поаѓање: 18. Јуни 2023 (9 дена / 8 ноќи)
ЦЕНАТА НА ПАТУВАЊЕТО Е ВО ЕВРА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА-КАБИНА
(уплатата е во денарска противвредност по курс 62.00)
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Автобуски превоз Скопје Пиреја (Атина) Скопје
- Пристанишни такси 140 € по лице
- Сместување во двокреветни внатрешни, прозорски или балконски кабини на MSC MUSICA на база Full board (појадок, ручек, вечера и закуски)
- Панорамски разглед на Aтина 18.06.2023
- Водич и пратител од Скопје
- Организација на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Меѓународно патничко здравствено осигурување со ковид покритие и покритие од откажување на аранжман МКД 370 (Еуролник)
- Факултативни излети
- Напојници на бродот 12 € на ден по лице
- Пијалоци на бродот
СМЕСТУВАЊЕ: Брод МСЦ МУЗИКА. Агенцијата организатор на ова патување не ги одредува броевите на кабини и палубите на кои истите се наоѓаат. Го обезбедува типот на кабина кој е резервиран.
НАПОМЕНА: За реализација на ова патување е потребен минимум од 20 патници.
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: За резервација на овој аранжман потребна е уплата од 50%, остатокот 30 дена пред почеток на патувањето.
ОТКАЗЕН РОК: До 30 дена пред патувањето се задржува 50 % од цената, од 29 дена до почетокот на патувањето 100% од цената.
- Агенцијатаа организатор на ова патување го задржува правото на промена на редоследот на поединечни содржини од програмата доколку од тоа има потреба од објективни причини. Организаторот го задржува правото на промена на цена во случај на промена на курсот на монетарниот пазар и слично.
- Бродската компанија MSC Cruise го задржува правото на измена на рутата без претходна најава.
- Програмата е лекторирана од лектор Ксенија Митева.
- Важат општите услови на патување на СКТМ.
Напомени
Ден / Место | Програма на патување |
СКОПЈЕ - АТИНА (Piraeus)
| Поаѓање од Скопје во 00:00 часот од паркингот кај спортски центар Борис Трајковски. Патување за Атина со попатни паузи. Пристигнување во Атина околу пладне. Панорамски разглед на Атина до времето на укрцување на бродот. Атина е главен и најголем град на Грција. Атина доминира во регионот на Атика и е еден од најстарите градови во светот, со нејзината запишана историја која се протега над 3.400 години и нејзиното најрано човечко присуство кое започнува некаде помеѓу 11 и 7 милениум п.н.е. Античка Атина била моќна град-држава и реномиран центар на учењето, дом на Платоновата Академија и Аристотеловиот Ликеј. Се смета дека е лулка на западната цивилизација, воглавно поради големиот удар на нејзините културни и политички достигнувања за време на V и IV век пред нашата ера врз остатокот од тогаш познатиот европски континент. Древна Атина владеела со светот и покажала како треба да се разберат цивилизациите, уметноста, културата, науката. Нејзината Академија ги дала најдобрите филозофи на антиката, чии мисли и денес се цитираат и чии дела и денес се читаат. Нејзините уметници Фидије и Поликлет и денес се слават како великани на скулптурата и уметноста. Политичката Атинска школа и денес е активна исто како и името на Перикле, творецот на демократијата и владетел во периодот на Златната доба. По разгледот на Атина, продолжуваме кон пристаништето Пиреја. Укрцување на бродот во 18:00 часот.
Испловување на бродот во 22:00 часот.
|
2.ден (19.06.2023) САНТОРИНИ
| 08:00 – 18:00 Санторини. Слободен ден за разгледување на Санторини
Санторини е мал, тркалезен архипелаг на вулкански острови сместен во јужниот дел на Егејското Море, околу 200 км југоисточно од копното на Грција. Исто така е познато под името Тера (Θήρα). Ја сочинуваат најјужниот член на групата острови Киклади, со површина од приближно 73 км2 и според пописот на население од 2001 година со население од 13.670 жители.
Вечната убавина на Санторини Грција привлекува илјадници посетители секоја година. Оттука, не е ни чудо што островот е една од врвните туристички дестинации во светот. Неговиот див вулкански пејсаж, нерамните карпи, дивата природа и прекрасните брегови, во комбинација со неговата богата историја и традиции, го прават островот скапоцен камен на Грција.
Санторини ја добил сегашната форма на полумесечина околу 1.650 п.н.е. по огромна вулканска ерупција. Во античко време, неговата форма била тркалезна и, всушност, еден мит тврди дека островот излегол од морето на чудесен начин. Сепак, интензивната вулканска ерупција елиминирала околу половина од островот, ја покрила со пепел минојската населба Акротири на југот на островот и ги подигнал брановите толку високо што стигнале до северните брегови на Крит и ги уништиле минојските градови, вклучувајќи ја и познатата палата Кносос.
Денес половина од калдерата е потопена, што ја прави единствената потоната калдера во светот. Вулканот останува активен и, низ вековите, повремено се случувале многу ерупции. Последното било дури во 1956 година кога од дното на калдерата се појавиле мали вулкански островчиња. Во една од овие ерупции, островчето Неа Камени се појавило веднаш спроти селата на калдерите.
Препорачуваме факултативен разглед: Вулканот Калдера и жешкте извори на Санторини – 65EUR по лице. Испловување на бродот во 18:00 часот. |
3.ден (20.06.2023) КУШАДАСИ |