×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Истанбул за Нова Година

Опис

Приказна од Ориентот ИСТАНБУЛ

Авионска програма 
4 дена / 3 ноќевања

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:    399 евра   (24.750 денари)        
 


Галерија

Напомени


29. Декември (Четврток)  СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ                     
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 часот и пристигнување во 12:15 часот (локално време). Трансфер до хотелот и сместување. Препорачуваме панорамски разглед на градот: Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Eкспрес), Галата кулата, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Сулејманија, продолжуваме кон најшармантните делови на Истанбул – Фенер и Балат. Во населбата Фенер се наоѓа Вселенската Патријаршија, а Балат некогашниот Еврејски кварт, денеска е познат по симпатичните тесни улици и шарени куќи. Посета на видиковецот Пјер Лоти, името го добил по францускиот книжевник кој тука ја пишувал книгата за Истанбул. Уживајќи во прекрасниот поглед од истоимената кафеана, можност да се вкуси најдоброто кафе или турски чај... Вечерна прошетката во елитната населба Нишанташи, во близина на хотелот. Ноќевање.

30. Декември (Петок) ВИЗАНТИСКИ И СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ
Појадок. Факултативна прошетка по просториите на Султаните и Царевите, по главниот историски плоштад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша и стариот султанов дворец Топкапи, официјалната резиденција на отоманските султани. Топкапи палатата ги чува приказните за огромно богатство на султаните, од три страни опколена со море, каде може да се посети и со векови забранетата зона, Султанскиот Харем. Прошетката продолжува со посета на Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот и позната по рачно изработените плави плочки. Следува разглед на прочуената Аја Софија, изградена во времето на владеењето на царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, па музеј, а денеска повторно џамија - отворена за сите посетители. Можност за посета на Капали Чаршија, затворен трговски пазар со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини. Ноќевање.

31. Декември  (Сабота) ИСТАНБУЛ – УБАВИНИТЕ НА БОСФОР
Појадок. Препорачуваме факултативен излет Убавините на Босфор кој вклучува посета на Долмабахче Палатата, најубавата резиденција на Отоманскиот Султан со музејска збирка со непроценлива вредност, со Харемот - делот резервиран за жените, како и Селамик - делот за мажите, каде се наоѓа огромна церемонијална сала со најтешкиот лустер на светот. Во Палатата се наоѓа се што било најскапо во тој период – венецијанско стакло, кристали, чешки порцелан, белгиски теписи... Дочек на Новата Година на крстарење по Босфорскиот проток кој ги поврзува Европа и Азија, уживајќи во погледот на палатите, тврдините, мостовите и елитните делови на градот, со богато мени и многу забава (факултативно)... Ноќевање.

01. Јануари (Недела) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Можност за посета на познатиот шопинг центар Форум каде се наоѓа и големиот Аквариум. Препорачуваме, посета на Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа, од каде се пружа прекрасна глетка кон градот, како и можност преку четири димензионална симулација да се надлета небото над Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, Галата Мостот, Моминската Кула... Трансфер до аеродромот во Истанбул. Полетување за Скопје во 20:25 часот (локално време) и пристигнување во 19:55 часот.

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Рачен багаж (ташна и 1 торба/куфер со максимални димензии 55х40х23cm до 8kg)
  • Трансфер Аеродром – Хотел – Аеродром
  • Сместување во Хотел  Walton Hotels&SPA Nişantaşı 4* во близина на елитната населба Нишанташи во Истанбул на база 3 ноќевања со  појадок            https://www.waltonhotels.com/homapage-nisantasispa-en.html 
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Панорамски разглед на градот 15 Евра
  • Багаж за чекирање 1 куфер до 23kg 30 Евра
  • Прошетка низ историскиот дел на Истанбул со влезница за Топ Капи Палатата 45 Евра
  • Долмабахче Палата 45 Евра
  • Новогодишна вечера со програма и богато мени, во ресторан “Pera Adali” 90- 120 Евра
  • Новогодишна вечера со програма и богато мени, на брод по Босфор  150 Евра
  • Билети за јавен превоз
  • Патничко-здравствено осигурување

НАПОМЕНИ: 

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 25 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс
  • 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето