×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Дубаи со лет од Скопје - Декември 2022

Опис

Повторно одиме во незаборавна авантура во Дубаи

ДАТИ НА ПАТУВАЊЕ 06-12.12.2022 / ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ 07-11.12.2022 (4 НОЌИ/ 5 ДЕНА)
TK1006 06DEC SKPIST  2045 0010+1 / TK 866  07DEC  ISTAUH 0120 0645
TK 869  12DEC  AUHIST   0245 0655 / TK1003  12DEC  ISTSKP  0825 0755 

Цени


07-11.12 (4 НОЌИ)

Хотел Услуга Тип на соба Цена
FIRST CENTRAL HOTEL SUITES 4* Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 739 €
NOVOTEL DUBAI AL BARSHA 4* Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 799 €
RAMADA BY WYNDHAM DUBAI BARSHA HEIGHTS 4* Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 829 €
MÖVENPICK HOTEL JUMEIRAH LAKES TOWERS 5* Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 899 €
CANAL CENTRAL HOTEL – BUSINESS BAY 5* Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 949 €
STELLA DI MARE DUBAI MARINA 5* Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 999 €
C CENTRAL RESORT THE PALM 5* Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 1.049 €

Напомени


Цените се пакет цени по лице изразени во ЕВРА за уплата во денари (курс 1ЕУР=62МКД) и валидни до пополнување на места по дадени цени на авион (Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на места – на барање). Цените се по лице, за сместување минимум 2 возрасни лица во стандард двокреветна соба (плаќаат полна сума)

Програма на патувањето - авиокомпанија TURKISH AIRLINES од Скопје, со вклучен 20 кг чекиран багаж и 7 кг рачен и оброк согласно политика на авио компанија. Саатници на полетување и слетување се по локално време и согласно моменталнен ред на летање на TURKISH AIRLINES.

06-07.12 - Полетување од СКОПЈЕ во 20.45. Слетување во Истанбул во 00.10 часот на 07.12. Полетување за Абу Даби во 01.20 часот нареден ден . Слетување во Абу Даби во 06.45 часот. Трансфер до хотел во Дубаи. Пријавување – влез во соба е после 14 часот (доколку има слободна соба може да се чекира во хотелот и порано). Early check in на барање со доплата.

Време за одмор и слободни активности. Во вечерните часови можност за организирање на факулатативна екскурзија крстарење по Марината со вклучена вечера.

ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ –НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise/ после 19 часот (трае околу 3 часа со вклучен трансфер од/до хотел) – 70 ЕУР по лице 

Во вечерните часови Марина dhow cruise – крстарење по Марината со вечера. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалок). 

08.12 - ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ –ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour (4 часа) –
Претпладнето започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме со возење кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque, изградена  во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет. Продолжуваме да возиме кон автопатот Sheikh Zayed road, за да ја видиме кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот, ја гледаме панорамски. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Со водичот го посетуваме Музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара и е познат споменик во Дубаи и која го илустрира минатото на Дубаи. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Застанување за фотографирање кај Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Нашата тура завршува во BURJ KALIFA/ DUBAI MALL каде се фотографираме. Враќање во хотелот.

За лицата кои не сакат да се вратат во хотелот, можат индивидуално да останат во молот каде можат вечерта да ги гледаат распеаните фонтани (почнуваат после 18 часот на секои 30 минути). Burj Khalifa (САМО влезници 45 евра normal hours/ prime hours 1530-1800 часот влезници 65 евра), за 124 кат. Индивидуално враќање во хотелот.

09.12 - ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ –   
Излетот почнува од Дубаи,се поминува пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината пикрај обала до Абу Даби.Тој е главен и административен град на ОАЕ.Познат е по  многуте луксузни вили и палати покрај обалата и големиот број на острови.Нашата тура почнува со посетата на Sheikh Zayed Grand џамијата, една од најубавите џамии во светот.Службено е отворена во 2007 година за време на исламскиот месец Рамадан. Името го добила по шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан основач и првиот претседател на ОАЕ,кој е закопан во оваа џамија.Мозе да прими 40000 верници а главниот двор 9000.Двата двора до главниот двор се само за жени и можат да соберат по 1500 верници.Џамијата 4 минариња и 4 агли на џамијата кои се издигнуваат до 115 метри.Таа има 57 куполи кои се украсени со мермер.Дворот е поплочен со цветен мермер и има површина од 17000м2. Нашата тура ја продолжуваме кон Emirates Palace,најлуксузниот хотел на светот (има официјално 7*).После ручекот во Абу Даби одиме кон Јас островот каде се наоѓа најголемиот тематски парк на светот Ferrari World и формула1 патеката. НАПОМЕНА Доколку сакате да ја посетите џамијата морате прикладно да се облечете,што подразбира долги панталони, долги ракави,а за жените е обавезна марама.

10.12 - ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА - ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА - после 14.30 часот до 21 часот (со вклучен трансфер од/до хотел) – 50 ЕУР по лице 
Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4x4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со возење по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање.   

11.12 – Одјавување од хотелот во 11 часот. Претпладне време за слободни активности или посета на плажа (на пример La mer beach или слично). Попладне опциона тура ПОСЕТА НА MIRICLE GARDEN и GLOBAL VILLAGE/ 60 евра по лице.

Неверојатно голем простор кој се наоѓа во сред пустина. Вистинска оаза!!! Различни форми, големини, фигури направени од цвеќе. Тука се останува околу 1,5 час и после продолжуваме кон големиот модрен панаѓур на Дубаи со штандови од сите земји од светот.   

Слободно време до трансфер за аеродорм во Абу Даби (околу 21 часот). Late check out на барање со доплата.

12.12 – Полетување за Истанбул во 02.45 часот. Слетување во Истанбул во 06.55 часот и полетување за Скопје во 08.25 часот. Слетување во Скопје во 07.55 часот.

Цената е за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ. Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба СТАНДАРДНА ДВОКРЕВЕТНА за минимум 2 лица во соба (две полноплатежни суми)

Цената вклучува:

  • Повратен авионски билет на релација СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – АБУ ДАБИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
  • Трансфер аеродром Абу Даби – хотел Дубаи – аеродром Абу Даби;  
  • 4 ноќевања во избраниот хотел/ тип на соба/ на база ноќевање со појадок согласно наведена услуга (согласно саатници на check-in & check-out)
  • Организација и реализација на патувањето
  • локална асистенција во Дубаи (овластен претставник на српски јазик доколку се земат екскурзии пред поаѓање или за дополнителни екскурзии со уплата на лице место на барање)

Цената НЕ вклучува:

  • Влезна виза за  Дубаи   - 95ЕУР по лице (задолжително за сите лица)
  • Патничко здравствено осигурување кое покрива и КОВИД (ЗАДОЛЖИТЕЛНО)
  • за вакцинирани лица со 2 дози или со бустер потребно е валиден сертификат за вакцинација со QR код (признаени се сите вакцини). За невакцинирани лица задолжително негативен ПЦР тест (48 часа изваден пред полетување – за влез во Дубаи) Овие протокли важат за лица над 12 години. * за деца до 12 години кои патуваат со родители – БЕЗ НЕГАТИВЕН PCR ТЕСТ (согласно моментални протоколи за влез во Дубаи)
  • ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ОПЦИОНИ ИНДИВИДУАЛНИ ТУРИ - НА БАРАЊЕ (зависат од број на пријавени лица и протоколи за време на престој, редослед на екскурзии и саатници се подложни на промени согласно инфо на организатор)
  • останати тури и индивидуални излети – НА БАРАЊЕ
  • Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи
  • Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот* туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 EUR  по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба).  
  • Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Во готово/ кредитни картички/ преку фактура - уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање

Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:

  • Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица. Дополнително возрасно лице или дете во соба со две возрасни лица – ЦЕНА НА БАРАЊЕ (без легло или на помошно легло се намалува комодитет на соба)
  • Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч.  Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
  • Сите оброци во хотелите се на база шведска маса (согласно нови КОВИД протоколи)
  • Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
  • Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од патување)    
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност

Важни напомени: За добивање на виза за ОАЕ  потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот  на кои се наоѓаат податоците на патникот  како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот:  voyager@t-home.mk). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност  имиграционото одделение да  побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.   

НАПОМЕНА - Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).

Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер