×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Дубаи со авион од Скопје Февруари 2023

Опис

ДУБАИ СО АВИОН ОД СКОПЈЕ – поаѓања во Февруари

Датум на патување: 04-10.02.23 // датум на престој: 05-09.02.23 (4ноќи/6дена)

Цените се пакет цени по лице изразени во ЕВРА за уплата во денари (курс 1ЕУР=62МКД) и валидни до пополнување на места по дадени цени на авион (Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на места – на барање). Цените се по лице, за сместување минимум 2 возрасни лица во стандард двокреветна соба (плаќаат полна сума)

Напомени


ДЕТАЛИ ОД ЛЕТ
TK1006 04FEB SKPIST 2045 0010+1// TK 866 05FEB ISTAUH 0120 0645
TK 869 10FEB AUHIST 0245 0655 // TK1003 10FEB ISTSKP 0825 0755

Програма на патувањето - авиокомпанија TURKISH AIRLINES од Скопје, со вклучен 20 кг чекиран багаж и 7 кг рачен и оброк согласно политика на авио компанија. Саатници на полетување и слетување се по локално време и согласно моменталнен ред на летање на TURKISH AIRLINES.

Цената е за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ. Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба СТАНДАРДНА ДВОКРЕВЕТНА за минимум 2 лица во соба (две полноплатежни суми)

Цената вклучува:

  • Повратен авионски билет на релација СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – АБУ ДАБИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
  • Трансфер аеродром - хотел – аеродром во Абу Даби;  
  • 4 ноќевања во избраниот хотел/ тип на соба/ на база ноќевање со појадок согласно наведена услуга (согласно саатници на check-in & check-out)
  • Организација и реализација на патувањето
  • Локална асистенција во Дубаи (овластен претставник на српски јазик доколку се земат екскурзии пред поаѓање или за дополнителни екскурзии со уплата на лице место на барање)

Цената НЕ вклучува:

  • Влезна виза за  Дубаи   - 95ЕУР по лице (задолжително за сите лица)
  • Патничко здравствено осигурување (ЗАДОЛЖИТЕЛНО)
  • ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ОПЦИОНИ ИНДИВИДУАЛНИ ТУРИ - НА БАРАЊЕ (зависат од број на пријавени лица и протоколи за време на престој, редослед на екскурзии и саатници се подложни на промени согласно инфо на организатор)
  • Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи
  • Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот * туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 EUR  по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба).   Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Во готово/ кредитни картички/ преку фактура - уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање

Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:

  • Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица. Дополнително возрасно лице или дете во соба со две возрасни лица – ЦЕНА НА БАРАЊЕ (без легло или на помошно легло се намалува комодитет на соба)
  • Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч.  Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
  • Сите оброци во хотелите се на база шведска маса (согласно нови КОВИД протоколи)
  • Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
  • Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од патување)    
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност

Важни напомени: За добивање на виза за ОАЕ  потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот  на кои се наоѓаат податоците на патникот  како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот:  voyager@t-home.mk). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност  имиграционото одделение да  побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.   

Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).

Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер