×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Либан

Опис

Либан, медитеранска, планинска, неверојатна земја на Блискиот Исток. Иако е опкружена со пустина, оваа земја е вистинска оаза, а тоа го покажува и дрвото кедар кое се наоѓа на знамето, а и во самото име кое преведено значи бело по снежните истоимени планини. Оваа територија е населена од Феникијци, за кои сведочат илјадници постоечки градови како што се Бејрут, Тир, Сидон... Градовите со насмеам народ денеска се сметаат за најстарите градови на светот.

Бејрут, милионски град, сместен помеќу планината Либан и Средоземното море, воедно е и главен град на Либан. Назив за еден од најстарите градови, чии почетоци се врзуваат за петнаесетиот век пред новата ера, името му го дале Феникијците по бунарите и големото богатство со вода во тоа време. Го нарекуваат и Париз на истокот, град со традиција и модерна престолнина... второто име му е Град на Феникс бидејќи во текот на историјата бил ручен и обновуван 7 пати. Како центар на земјата, Бејрут ќе биде наша почетна точка за истражување на неверојатниот Либан, земјата на кедарот, пустините и снежните врвови.


Галерија

Цени


Термин 21.10 - 26.10.2021 ( 5 ноќи )

Хотел Услуга Тип на соба Цена
Hotel Gems 4* или сличен Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 599 €

Напомени


Детали од лет
PC352  21OCT  SKPSAW 1135 1355
PC 862  21OCT  SAWBEY 2145 2330
PC 757  26OCT  BEYSAW 0630 0825
PC 355  26OCT  SAWSKP 1630 1700

1 ДЕН. СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ-БЕЈРУТ
Состанок на групата на Скопски Аеродром во 08:30 часот, предвидено време за полетување за Истанбул во 11:35 часот со авио компанијата Pegasus Airlines. Слетување во Истанбул во 13:55 часот по локално време. Чекање на конекција за Бејрут, предвидено време за полетување 21:45 часот. Слетување во Бејрут во 23:30 часот. По завршување на царинските формалности, трансфер до хотелот, слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

2 ДЕН. БЕЈРУТ
Појадок во хотелот. Поаѓање за разглед на градот кој опфаќа: обиколка на националниот музеј, Гулабовите стени, природно чудо насред море, шеталиштето Корнис по должина на Медотеранското море каде се наоѓаат бројни кафулиња и ресторани каде можете да ја вкусите најубавата Либанска храна које впрочем е многу слична до нашата а сепак е различна, џамијата, плоштадот Етоал, новиот дел на градот во кој вистински ќе ги почувствувате звуците на Истокот.

 3-4 ДЕН. БЕЈРУТ
Појадок во хотелот. Слободни денови за индивидуални активности. Можност за организација на факултативни излет.

  •  Библос со пештерата Џелта која се наоѓа во финалети за едно од новите сведски чуда. Стара е повеќе од илјада години и е една од најубавите во светот. Обиколка на градот- античките локалитети, црквата Свети Јован, старото пристаниште.
  • Обиколка на долината Бека и посета на најпознатиот Либански локалитет Балбек, храмовите посветени на Јупитер, Бахус и Венера, посета на винарија и дегустација на познатото либанско вино. Посета на местото Анжар, изградено во 8 век од династијата Умајад, на која сега се наоѓаат остатоци од палати, пристаништа, резиденции.
  • Посета на Кадиш, пешачење низ шумите со кедар се до скриените манастири.
  • Посета на феникијските градови Тир и Сидон.

5 ДЕН.
Ран утрински трансфер на аеродром. Предвидено време за полетување во 06:30 часот, слетување во Истанбул во 08:25 часот по локално време. Чекање на конекција за Скопје, предвидено време за лет 16:30 часот по локално време, слетување во Скопје во 17:00 часот. 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ И НАПОМЕНИ

  • Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица.
  • Со сместување на трето лице во двокреветна соба на помошно легло се намалува комодитет на стандардна двокреветна соба
  • За време на летот патниците ќе мора да се придржуваат до протоколите пропишани од авио компанијата. Исто важи и за време на престој на аеродормот во Истанбул/Бејрут
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • За време на патувањето задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на останатите патници и да ги почитуваат правилата и препораките
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, за влез во Турција патната исправа потребно е да е валидна минимум 6 месеци од датумот на враќање.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата
  • При промена на цената на превозот или промена на хотел, можна е промена на цената на патувањето.

  За влез во Либан ќе Ви биде потребно :

  • потврда за комплетна вакцинација, најмалку 14 дена пред патувањето              
  • ПЦР тест на аеродром при пристигнување во Либан на трошок на авиокомпанијата. 


За влез во МАКЕДОНИЈА од 01.09 важат нови услови
Следствено на новите протоколи за влез во нашата држава (објавени во Службен весник 18.08.2021) кои стапуваат на сила од 01-ви септември 2021 година, ве известуваме за следново: 

За сите патници кои ќе се враќаат од странство од 01-ви септември па натака, за влез во државата важат следниве правила, односно е задолжително на граничниот премин да се приложи:

  • Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19
  • Сертификат / потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
  • Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава
  • Негативен резултат од брз Тест за Антиген направен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава
  • Сите горенаведени сертификати / потврди / тестови не се однесуваат и не се задолжителни за лица под 18 години
  • Доколку патниците не ги приложат горенаведените сертификати / потврди / тестови при влез во државата, истите задолжително ќе бидат упатени на домашна самоизолација во времетраење од 7 дена.

УПЛАТА 

  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според наведената денарска цена.
  • За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 100%
  • Агенцијата го задржува правото на промена на цената доколку дојде до промена на цената на авио билетот и аеродромските такси

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.

 

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).

Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер

ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ