×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




City Break Истанбул Ноември

Опис

CITY BREAK ИСТАНБУЛ со Turkish Airlines термин 06.11 – 09.11.2021 (4 дена / 3 ноќи) ***индивидуална програма *** ПРОМОТИВНА ПОНУДА Пред резервација потребно е да ја контактирате агенцијата за потврда на цена и слободни места!

Истанбул - најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие - улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија. Истанбул претставува природна врата помеѓу Европа и Азија, кој со својата раскошна култура никогаш не престанува да фасцинира. Денес Истанбул е велеград кој брои преку 15 милиони жители кои живеат на 2 континенти. Модерниот плоштад Таксим или квартовите Бејоглу и Османбег ќе направат да се осеќате како во било која друга светска метропола, додека пак шетајки низ плоштадот Султанахмет ќе се вратите стотици години наназад и ќе ја почуствувате моќта која ја имале римјаните и османлиите…Ново и старо, Ориент и Европа, ислам и христијанство – никаде нема да ги најдете вака испреплетени и неразделно поврзани како во магичниот Истанбул.


Галерија

Цени


Термин 06.11 - 09.11.2021 ( 3 ноќи )

Хотел Услуга Тип на соба Цена
Хотел со 4* централно градско подрачје Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 259 €

Напомени


Детали од лет
TK1004 06NOV SKPIST 0905 1240
TK1003 09NOV ISTSKP 0850 0815

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авионски билет на релација Скопје – Истанбул - Скопје со авиокомпанија „ TURKISH Airlines  “ со вклучен чекиран багаж до 20кг. (согласно политика на авиокомпанија), со ВКЛУЧЕНИ АЕРОДРОМСКИ ТАКСИ
  • Организирани трансфери: аеродром - хотел – аеродром во Истанбул;
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 4* централно градско подрачје во двокреветни соби
  • Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Оброци надвор од наведени оброци по програма – ручек и вечера и пијалок
  • Здравствено осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО
  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни излети – НА БАРАЊЕ СО ДОПЛАТА (ДОПОЛНИТЕЛНО)
  • Се што не е наведено во ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ И НАПОМЕНИ

  • Задолжителнa оnline регистација 72 часа пред летот на следниот линк: https://register.health.gov.tr/
  • Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица.
  • Со сместување на трето лице во двокреветна соба на помошно легло се намалува комодитет на стандардна двокреветна соба
  • За време на летот патниците ќе мора да се придржуваат до протоколите пропишани од авио компанијата. Исто важи и за време на престој на аеродормот во Истанбул
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • За време на патувањето задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на останатите патници и да ги почитуваат правилата и препораките
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, за влез во Турција патната исправа потребно е да е валидна минимум 6 месеци од датумот на враќање.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата
  • При промена на цената на превозот или промена на хотел, можна е промена на цената на патувањето.

 За влез во Турција ќе Ви биде потребно :

  • Потврда за комплетна вакцинација, најмалку 14 дена пред патувањето или
  • Доказ за прележана болест  во изминатите 6 месеци или
  • ПЦР тест направен во последните 72 часа пред влез во земјата или
  • Негативен брз антиген тест направен во последните 48 часа пред влез во земјата.

За влез во МАКЕДОНИЈА од 01.09 важат нови услови

  • Следствено на новите протоколи за влез во нашата држава (објавени во Службен весник 18.08.2021) кои стапуваат на сила од 01-ви септември 2021 година, ве известуваме за следново:
  • За сите патници кои ке се враќаат од Турција од 01-ви септември па натака, за влез во државата важат следниве правила, односно е задолжително на граничниот премин да се приложи:
  • Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19
  • Сертификат / потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
  • Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава
  • Негативен резултат од брз Тест за Антиген направен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава
  • Сите горенаведени сертификати / потврди / тестови не се однесуваат и не се задолжителни за лица под 18 години
  • Доколку патниците не ги приложат горенаведените сертификати / потврди / тестови при влез во државата, истите задолжително ќе бидат упатени на домашна самоизолација во времетраење од 7 дена

 

УПЛАТА 

  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според наведената денарска цена.
  • За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 100%
  • Агенцијата го задржува правото на промена на цената доколку дојде до промена на цената на авио билетот и аеродромските такси

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).

Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер

ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ