×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




ДУБАИ СО ДИРЕКТЕН ЛЕТ ОД БЕЛГРАД

Опис

ДУБАИ СО ДИРЕКТЕН ЛЕТ ОД БЕЛГРАД

Повторно одиме во незаборавна авантура во Дубаи 

13-17.12.2022 – 4 НОЌИ


Галерија

Цени


Хотел Услуга Тип на соба Цена
13-17.12.2022 – 4 НОЌИ
İbis Dubai One Central 3* Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 389 €
Ramada Plaza By Wyndham 4* (Deira) Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 445 €
Premier Inn Barsha Heights Hotel 3* Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 450 €
Emirates Grand Hotel 4* (SZR) Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 475 €
Crowne Plaza Hotel Dubai 5* (SZR) Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 540 €

Напомени


Цените се пакет цени по лице изразени во ЕВРА за уплата во денари (курс 1ЕУР=62МКД) и валидни до пополнување на места по дадени цени на авион (Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на места – на барање). Цените се по лице, за сместување минимум 2 возрасни лица во стандард двокреветна соба (плаќаат полна сума)

Детали од лет
T
ue, 13 Dec 202217:25 Belgrade - 01:40 Abu Dhabi +1 (Wed, 14 Dec 2022)
Sat, 17 Dec 2022/ 14:05 Abu Dhabi - 16:50 Belgrade

13-14.12// 1 ден - БЕЛГРАД – АБУДАБИ -ДУБАИ
Полетување за Абу Даби на 13.11 во 17:35 часот. Пристигнување во 01:45 часот на 14.11. Трансфер и сместување во хотел во Дубаи .

15-16// 2-4 ден ДУБАИ - Појадок.
Денови за индивидуални активности или организирани излети.

17.11// 5 Ден   ДУБАИ –АБУДАБИ -БЕЛГРАД
Појадок. Напуштање на хотелот во 11 часот и слободно време до трансфер за аеродорм. Во попладневните  часови  трансфер до аеродромот во Абу Даби. Полетување во 14:00 часот. Слетување во Белград во 16:50 часот.

 Цената е за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ. Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба СТАНДАРДНА ДВОКРЕВЕТНА за минимум 2 лица во соба (две полноплатежни суми)

 Цената вклучува:

  • Повратен авионски билет на релација БЕЛГРАД-АБУ ДАБИ–БЕЛГРАД со вклучен ранец рачен багаж (40 x 30 x 20 cm)
  • Аеродромски такси
  • Трансфер аеродром - хотел – аеродром во Абу Даби – Дубаи – Абу сдаби;  
  • 4 ноќевања во избраниот хотел / тип на соба стандардна двокреветна/ на база ноќевање со појадок согласно наведена услуга (согласно саатници на check-in & check-out)
  • Организација и реализација на патувањето
  • локална асистенција во Дубаи (овластен претставник на српски јазик доколку се земат екскурзии пред поаѓање или за дополнителни екскурзии со уплата на лице место на барање)

Цената НЕ вклучува:

  • Влезна виза за  Дубаи   - 95ЕУР по лице (задолжително за сите лица со македонски пасош)
  • Повратен трансфер од Скопје до/од аеродромот во Белград
  • Патничко здравствено осигурување кое покрива и КОВИД (ЗАДОЛЖИТЕЛНО)
  • Доплата за багаж од 10 кг – дополнително согласно политика на авио компанија
  • ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ОПЦИОНИ ИНДИВИДУАЛНИ ТУРИ - НА БАРАЊЕ (зависат од број на пријавени лица и протоколи за време на престој, редослед на екскурзии и саатници се подложни на промени согласно инфо на организатор)
    * Dhow Cruise Marina/ крстарење со вклучена вечера после 19 часот (трае околу 3 часа со вклучен трансфер од/до хотел) – 70 ЕУР по лице
    * ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour (4 часа) – 50 евра по лице (за минимум 4 лица)
    * ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ – 90 евра по лице (за минимум 4 лица)
    * Burj Khalifa/ 124 & 125 Kat – само влезница 45 еур по лице (normal hours)
    * ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА - после 14.30 часот до 21 часот (со вклучен трансфер од/до хотел) – 50 ЕУР по лице
    * ПОСЕТА НА MIRICLE GARDEN и GLOBAL VILLAGE/ 60 евра по лице
    *останати тури и индивидуални излети – НА БАРАЊЕ
  • Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи
  • Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот * туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 EUR  по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба).   Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Во готово/ кредитни картички/ преку фактура - уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање

Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:

  • Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица. Дополнително возрасно лице или дете во соба со две возрасни лица – ЦЕНА НА БАРАЊЕ (без легло или на помошно легло се намалува комодитет на соба)
  • Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч.  Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
  • Сите оброци во хотелите се на база шведска маса (согласно нови КОВИД протоколи)
  • Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
  • Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од патување)    
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност

Важни напомени: За добивање на виза за ОАЕ  потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот  на кои се наоѓаат податоците на патникот  како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот:  voyager@t-home.mk). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност  имиграционото одделение да  побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.   

НАПОМЕНА - Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).

Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер