×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Опис

КУБА - Индивидуална програма со лет од Софија

Куба во 21 век е уникатна во однос на сè што досега сте посетиле: економска сиромаштија, но огромно богатство на култура, стари градби, но голема архитектонска величественост, застрашувачка, но во исто време, неверојатно привлечна авантура. Тука не смеете да пропуштите - прошетка низ славниот MaleCÓN на Хавана и плажата Копакабана,  да бидете дел од кубански ноќен живот низ традиционални ресторани и барови кои се најдобро место за уживање во музика во живо и танц на салса, да ја пробате купанската храна и пијалок со сите нивни зашини и волшебни мириси.

ХАВАНА  главен град на Куба со 3 милиони жители, политички, културен и административен центар. Градот е богат со историски споменици кои сведочат за мешаваината на различните култури и влијанија. Со својата колонијална архитектура, многубројните ексклузивни хотели ,егзотични клубови и барови оривлекуваат голем број на туристи од цел свет.

ВАРАДЕРО  најпознатото летувалиште на островот на 130км од Хавана, претставува ремек дело на природата, со долги песочни плажи, топла тиркизна и бистра вода на океанот.

Пример дата на патување 20.12 – 27.12.2022 (7ноќевања)

Детали од лет
LH1429 20DEC SOF FRA 06:44 08:30  // DE2198 20DEC FRA VRA 10:30 15:45
DE2199 27DEC VRA FRA 17:45 09:25 // LH1428 28DEC FRA SOF 19:25 22:35

Paradisus Princesa del Mar Resort & Spa 5* (Варадеро) Standard room / All inclusive 

  ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ 2264 ЕУР 




Галерија

Напомени


Начин на плаќање:   50%  при резервација, во денарска противвредност по курс 62,00 , а остатокот 20 дена пред поаѓање.

Цената вклучува:

  • Авио превоз на наведената релација
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Хотелско сместување согласно наведениот тип на соба / услуга
  • организација на патувањето.

Цената не вклучува:

  • факултативни излети (на барање дополнително)
  • индивидуални трошоци
  • оброци надвор од наведени оброци по програма
  • здравствено и патничко осигурување
  • се што не е наведено во ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ – ХАВАНА

City tour Havana (ХАВАНА ГРАДСКА ТУРА) пешачка тура 4-5 . Прошетка низ стара Хавана низ историскиот центар и неговите главни плоштади; катедрали, плоштад san Francisco de Asis, plaza de arms, посетете го count de Villanueva (casa del habano), посетете ја таверната кафе за демонстрации на подготовка на кубански коктели, ручек во локален ресторан со пијалок. Тура низ модерна Хавана - plaza de la revolution, Necropolis de Cristobal Colon, Vedado, Malecon, посети на Jose Marti за да уживаат во одличен поглед. Слободно време за шопинг.  

ЛЕГЕНДИТЕ НА “Mi Habana” – вклучува тура стара Хавана и моредрна Хавана, посета на паркот Morro-Cabaña Park, пешачка тура низ историскиот центар на старата Хавана, панорамска тура на Хавана - познатиот театар Gran Teatro de La Habana, капиталната зграда Capitolio , познатата променада покрај океанот Malecón, Универзитетот Vedado University Hill.  

СЛЕДЕЈЌИ ГИ ТРАГИТЕ НА ХЕМИНГВЕЈ вклучува посета на домот на ернест Хемингвеј Finca Vigía, посета на Bodeguita del Medio и Floridita и пиење на специјалниот коктел Daiquirí cocktail, ручек во локалниот ресторан, посета на малото рибарско село Сojímar и посета на собата на Хемингвеј во Ambos Mundos Hotel)

ВОЗЕЊЕ СО ОЛД ТАЈМЕРИ  – Еден час возење со олд тајмери (min 3 лица-Max 4 лица по кола )

BUENO VISTA SOCIAL CLUB  – The Buenavista Social Club in Restaurante Caffe Taberna – локален ресторан каде артистите на Buenavista Social Club имаат свое шоу. Прифаќаат и деца.

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ –ВАРАДЕРО

City Tour Varadero (ГРАДСКА ТУРА ВАРАДЕРО) - историскиот дел и центар, занаетчиски пазар (време за шопинг), Паркот Josone - 9 хектари парк и релаксирачки одмор во природа, со конструкции од 40-те години, рекреативна и гастрономска понуда. Пешачење до керамичка работилница, уметничка галерија, рум куќа и Хавана (слободно време за купување)

ПОСЕТА НА ТРИНИДАД  - Посета на Valley of the Sugar Mills и La Torre Manaca Iznaga. Ручек во локален ресторан (вклучен во цена). Посета на La Canchánchara Tavern со пијалок (коктел) и на музејот Palacio Cantero Museum.

 ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата.  Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.  Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.

 НАПОМЕНА - Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Можна е промена на саатниците на полетување и слетување на авионот во Скопје и Хавана  согласно промена дирекно од авио компанијата.

Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата на превозниците. Агенцијата го задржува правото за промена на цената и редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае.

Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

 Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер