×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Јордан - Групно патување

Опис

ЈОРДАН-ГРУПНО ПАТУВАЊЕ

08-15.12.2022 – 7 НОЌИ
Детали од лет
Flight no. FR 8191 08DEC Sofia 07:10 (Duration 2h 55m) 11:05 Aqaba Jordan
Flight no. FR 8192 15DEC Aqaba Jordan 11:40 (Duration 3h 10m) 13:50 Sofia 


Цена за 8дена/7ноќи - 879 ЕUR ПО ЛИЦЕ


*ЦЕНАТА Е ПАКЕТ ПО ЛИЦЕ ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО СТАНДАРД ДВОКРЕВЕТНА СОБА


Галерија

Напомени


08.12.2022 ДЕН 1 - Софија - Акаба
Поаѓање од Софискиот аеродром во 07:10 часот до Акаба со летот на Рајанар. Пристигнување на аеродромот во Акaба, во 11:05 часот Трансфер во хотел. Сместување. Ноќевање.

09.12.2022 ДЕН  2 - Акаба - Петра - Акаба
Појадок. Целодневна екскурзија до Петра - уникатен град кој е изграден во вдлабнатата планинска долина Вади Муса (долината на Мојсеј). Изгубениот град” Петра (Petra) е познат уште како “град црвен како роза и стар колку што е стар светот”, престолнината на Набатејците - избран како едно од новите седум Светски чуда (2007 година). Го посетуваме преубавиот храм и трезорот на Al-Khazneh и театарот Набатеј, опкружена со бројни обелиси, жртвени олтари, храмови и улици со колонади – редица на рамномерно распоредени столбови кои ја дрѓат древната градба . Над комплексот стои манастирот „Ад Деир“, до кој се стигнува за 800 чекори. Можност за посета на Археолошкиот и музејот Набатеј. Враќање во хотел. Ноќевање.

10.12.2022 ДЕН  3 - Акаба - Вади Рум - Акаба
Појадок. Екскурзија до пустината Вади Рум, позната како пустината на Месечината, пустината на Лоренс од Арабија - пространо место исполнето со романтичен дух и совршена убавина. Оваа екскурзија вклучува и џип сафари во пустината, минувајќи низ нејзнините извори, Набатаен храмот, арката со карпи - една од најимпресивните формации од карпи наречена “Седумте столба на мудроста”, посета на куќата на Лоренс од Арабија. Вклучено е возење со џипови 4х4 во пустината (доплата бакшиш за шофер). Враќање во хотел. Ноќевање.

11.12.2022 ДЕН 4 –  Акаба - Појадок и можност за индивидуални прошетки и време за плажа и уживање во локалните специјалитети.

12.12.2022 ДЕН 5 – Појадок. Поаѓање за Мадаба. Посета на раната византиска црква Свети Ѓорќи од шестиот век, во која подот од  мозаик содржи најстара оригинална картографска претстава на Светата земја, а особено Ерусалим. Поаѓање кон блиската планина Наво/ НИБО, од кое еврејскиот пророк Мојсеј ја гледаше ветената земја што им ја даде Бог на Израелците. Продолжено патување кон Мртвото Море, најниската точка на светот. Тура низ Бетанија - местото каде што се верува дека Исус Христос се крсти. По кратко ограничување, возиме до Акаба. Пристигнување. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

13.12.2022 ДЕН  6 - Акаба  - Појадок и можност за индивидуални прошетки и време за плажа и уживање во локалните специјалитети.

14.12.2022 ДЕН 7 - Акаба - Појадок и можност за индивидуални прошетки и време за плажа и уживање во локалните специјалитети.

15.12.2022 ДЕН 8 - Акаба – Софија - Појадок. Одјавување (багажот е оставен во просторијата за багаж во хотелот). Слободно време за плажа. Трансфер на аеродромот 07:30 часот (можно е промена на време на поаѓање според патни услови). Поаѓање за Бугарија во 11:40 часот со летот на Рајанар. Пристигнување на аеродромот во Софија во 13:50 часот

ЦЕНА ВКЛУЧУВА:

  • Лет Софија - Акаба - Софија со авиокомпанијата „Рајанар“, вклучувајќи ги и аеродромските такси
  • Со вклучен кабински и чекиран багаж
  • Трансфер- хотел - аеродром
  • 7 Ноќевање со појадок во Акаба 4*хотел или сличен
  • Доплата за еднокреветна соба – 270 ЕВРА за цел период
  • Целодневна екскурзија до Петра со вклучени влезни такси
  • Целодневна екскурија Вади Рум со 2 часа возење со 4x4 џип возила  
  • Целодневна екскурзија целодневна тура Мртво Море- Мадаба-Планината Нибо –Бетанија влезници за сите знаменитости наброени погоре
  • Организација и реализација на патувањето
  • Локална асистенција во Јордан од овластен водич на англиски јазик за време на излети согласно програма
  • Придружник од Скопје
  • Бесплатна влезна виза за Јордан

ЦЕНА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Бакшиш на водичот и возачот, како и во ресторани по завршување на оборк (3-5 ЕУР по лице на ден ) се плаќа на лице место и  во овој дел од светот се задолжителни
  • Локален транспорт
  • Факултативен излет АМАНА – дополнително (на барање)
  • Трансфер од Скопје до аеродорм Софија - 40 еур по лице повратно (СКОПЈЕ- СОФИЈА АЕРОДОРМ – СКОПЈЕ)  за мин. 10 лица
  • Патничко осигурување

ПРОГРАМОТ Е РАБОТЕН НА МИНИМУМ 10 ПАТНИЦИ

ГРУПАТА СО ДАДЕНА ДАТА ЌЕ СЕ РЕАЛИЗРА СОГЛАСНО БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Авиокомпанијата го задржува правото да ги менува саатниците на летот. Организаторот го задржува правото да ја менува програмата на патување и времето или да ги преместува екскурзиите за друг ден, кога тоа го бараат временските услови, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
  • Екскурзиите и програмите се спроведува со минимум 18 пријавени туристи.
  • Патувањето не е погодно за лица со намалена подвижност!
  • Визата се издава на аеродромот по пристигнувањето и е бесплатна кога гостите од Јордан минуваат 2 или повеќе ноќи на територијата на земјата.

Пасошки и визен режим - Македонските државјани кои патуваат во земјата мора да имаат важечки пасош најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата.

Уплата и начин на плаќање - Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.  При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 10дена пред поаѓање.

Општи напомени за патување:

  • ВОЈАЖЕР го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.