СОРЕНТО СО ПОСЕТА НА АМАЛФИ БРЕГОТ, НЕАПОЛ И ПОМПЕЈА
Опис
Соренто го нарекуваат сончев град, гордо распространет на висока карпа, со неверојатен воодушевувачки поглед на Неаполскиот залив, каде во подножјето свети бистрата тиркизна вода на Тиренското Море. Градот привлекува туристи од целиот свет, со единствениот поглед на зајдисонце и опојниот мирис од плантажите со портокали и лимони. Соренто е град со медитерански шарм, преполн со цвеќе и овошје, а, заштитен знак е лимонот, од кој се прави традиционалниот ликер “limoncello”.
Авион
6 дена / 5 ноќевања
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 799 евра (49.550 денари)
16. Април (Недела) СКОПЈЕ – РИМ - НЕАПОЛ - СОРЕНТО
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 04:30 часот. Полетување за Рим во 06:05 и слетување во 07:50 часот. Превоз со брз воз до Неапол и со регионален воз или автобус до Соренто (околу 2 часа и 30 минути). Сместување во хотелот. Прошетка низ историскиот центар на Соренто со главниот плоштад Тасо и Народната вила со прекрасната градина, тесните улички преполни со кафичи и ресторани, продавници со сувенири и производи од кожа. Слободно време за уживање со италијанските специјалитети. Ноќевање.
17. Април (Понеделник) СОРЕНТО - АМАЛФИ
Појадок. Најубавата слика се добива со факултативната посета на околината: брегот Амалфи со познатите бисери Позитано, Равело и Амалфи. Прошетката се одвива по спектакуларната ривиера со остри ридови, тесни патишта, чудна вегетација, мали рибарски места и сликовити градови. Позитано е мал град, а на секој чекор величенствен, познат по отмените вили како вградени во брдото кои каскадно се спуштаат до морето. Патот продолжува до Амалфи, некогашна моќна поморска сила, по кој е именуван целиот брег. Градот е бисер на средновековната архитектура со тесни кривулести улици, типични за овој дел на италијанскиот брег. Патувањето продолжува до Равело, место познато по концертите на класична музика посветени на Ричард Вагнер, кои се одржуваат на отворениот театар со прекрасен панорамски поглед на салернитанскиот залив... Ноќевање.
18. Април (Вторник) КАПРИ
Појадок. Факултативниот излет до монденското место започнува во утринските часови од пристаништето Marina Piccola. По половина час пловидба со хидроглисер по Неаполскиот залив покрај брегот на Соренто, се стигнува до најпознатиот остров на медитеранот Капри. Островот е долг седум, а широк три километри. Капри бил летна резиденција на многу имератори и засолниште на многу познати сликари и писатели, а, денес е монденско летувалиште со многубројни гламурозни излози на најпознатите светски модни креатори. Слобоно време за уживање до попладневното враќање во Соренто. Ноќевање.
19. Април (Среда) НЕАПОЛ – ПОМПЕЈА
Појадок. Организиран разглед на Неапол, еден од најубавите градови во Европа, историскиот центар под заштита на Унеско, Кралската Палата, Тврдината, Театарот Сан Карло – најстарата активна опера во Европа... Слободно време за ручек и вкусување на едно од омилените јадења во светот, Пицата. Факултативна посета на археолошкото наоѓалиште Помпеја, најпознатато и најдобро зачувано од времето на античкиот Рим. Градот е потполно уништен од силната ерупција на Везув во 79-та година кога лава го прекрила целиот град, го “конзервирала” и случајно е откриен многу векови подоцна. На тој начин е сочувана единствената слика на архитектурата на еден од најбогатите градови на древната империја: форуми, храмови, театри и голем број вили... Враќање во Соренто во вечерните часови. Ноќевање.
20. Април (Четврток) СОРЕНТО – НЕАПОЛ - РИМ
Појадок. Организиран трансфер со регионален воз до Неапол и со брз воз до Рим. Сместување во хотелот. Препорачуваме прошетка до Шпанските скали познати како "дневна соба на градот" со посета на Плоштадот на Народот. Слободно време за уживање, да се почувствува атмосферата на кафулињата со “вистинско” италијанско кафе. Ноќевање.
21. Април (Петок) РИМ - СКОПЈЕ
Појадок. Препорачуваме прошетка низ центарот на Рим и уживање во убавините на градот: Плоштадот Венеција со прекрасниот Плоштад Кампидољо, Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Колосеумот, Римскиот Форум, Пантеон... Попладневна прошетка до Плоштадот на уметниците со прекрасните фонтани – Плоштадот Навона. Организиран трансфер до Аеродромот во Рим. Полетување за Скопје во 23:00 часот и пристигнување во 00:50 часот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација Скопје-Рим-Скопје со вклучени аеродромски такси
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm)
- Сместување во Хотел Majestic Palace 4* во Sant'Agnello/ Sorrento на база 4 ноќевања со појадок www.majesticpalace.it
- Сместување во Хотел 3/4* во Рим на база 1 ноќевање со појадок
- Организирани трансфери според програмата
- Организирана прошетка во Соренто
- Организација на аранжманот
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (до 10kg) 2.500 денари
- Доплата за куфер за чекирање со максимум 20kg 3.500 денари
- Туристичка такса (се плаќа во хотелите на рецепција)
- Факултативни излети:
- Влезници во музеите и културно историските споменици
- Kарти за локален превоз (метро)
- Патничко – здравствено осигурување
- Прошетка по Алмалфи брегот, Екскурзија до островот Капри, Посета на Неапол и Помпеја
НАПОМЕНИ: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ
Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето